Возачот со две лица

Имало бројни примери кои укажуваат дека претераната изложеност на сонце може да и наштети на нашата кожа, но овој пример е повеќе од неверојатен.

Седемдесетгодишниот Вилијам Макелигат, возач на камион од САД, е жив пример за последиците од сончевите зраци.

Едната половина од неговото лице изгледа 20 години поостарена од другата.

Десната страна изгледа нормално за возраста, додека левата, со длабоки брчки и дамки, би можела да му припаѓа на 89-годишен човек.

Виновна за тоа е професијата на Вилијам.

„Бев на патот од шест наутро до три попладне. Обично прозорецот ми беше отворен, бидејќи немав клима“, вели тој.

Дерматолозите тврдат  дека причина за предвременото стареење се UVA зраците.

 

- Реклама -