Возачот на Формула 1, Џорџ Расел, и Кармен Монтеро Мундт, се верија по шест години врска. Расел ѝ предложи брак на 28-годишната девојка за време на романтична вечера покрај море, а среќната вест ја споделија на социјалните мрежи.
Британскиот возач ја потврди веста објавувајќи неколку фотографии од нивната свршувачка. Наместо опис, тој користеше само емотикони со прстен и бело срце. Фотографиите прикажуваат романтично поставена маса покрај море, вечера со свеќи и Кармен со насмевка на лицето, која го покажува својот свршенички прстен.
Џорџ и Кармен се во врска од 2020 година, откако ги запознаа заеднички пријатели во Лондон. Кармен стана добро познато лице во падокот на Формула 1, честопати придружувајќи го Расел на трки низ целиот свет, а истовремено ја градеше и својата кариера.
Родена во Шпанија, таа се преселила во Велика Британија на 18-годишна возраст. Студирала бизнис менаџмент и финансии на Универзитетот во Вестминстер, по што работела во финансискиот сектор. Таа е и ко-основач на бренд за нега на кожа, кој го лансирала со Оскар Валс Бартоломе.
Иако се еден од најпознатите парови во светот на Формула 1, тие го чуваат својот приватен живот во голема мера подалеку од очите на јавноста.
Расел ретко зборува јавно за својата партнерка, но во интервју за „Тајмс“ во јуни оваа година, тој откри колку многу му значи нивната врска, особено со оглед на притисокот што доаѓа со неговата кариера.
– Кармен ми дава чувство на стабилност кога станува збор за трките, а во исто време ми помага да се оддалечам од сè – рекол тој.




