Сте слушнале ли некогаш за вовчето „Ќиро“? Иако денес немаме воз на оваа релација, пред неколку децении „Ќиро“ бил задолжен за железнички транспорт од Охрид до Струга и обратно.
Наидовме на краток документарен филм од 1972 година што ја раскажува приказната за познатото вовче, поточно за Петар Михајловски – кондуктер од Охрид, кој зборува за неговиот живот. Приказната сосредоточена во 12 минути е крајно симпатична, а на моменти дури наликува на вестерн филм.
Според информациите што ги најдовме на интернет, оригиналниот филм е снимен во 1965 година со оригинален наслов Охрид Експрес, додека оваа од 1972 година е англиската верзија.
Ние не успеавме да го најдеме ова историско филмско парче на македонски, па доколку некој го има нека го прикачи или нека испрати линк.