Воспитна по примерот на малиот Едисон

edison

Малиот Томас се вратил дома од училиште со белешка што му ја испратил наставникот. Мајка му ја прочитала и се расплакала. Веројатно од радост, бидејќи потоа свечено му ја прочитала содржината на белешката:

“Вашето момче е премногу генијално за нашето училиште. Овде нема кој да го учи. Продолжете со образованието вие!”

По многу години, веќе возрасен, Томас налетал на белешката во семејната архива. На негово чудење, во писмото пишувало:

“Вашиот син заостанува со развојот. Не можеме повеќе да го учиме на училиште заедно со сите. Потрудете се вие со неговото образование!”

Во својот дневник познатиот пронаоѓач и научник Томас Едисон напишал:

“Томас Алва Едисон бил едно ментално заостанато дете. Благодарение на својата мајка тој станал еден од гениите на своето време!”

- Реклама -