Сите војски на светот се трудат на парадите да ги одушеват гледачите, но вежбата на маринците од Тајланд е нешто што ретко се гледа.Облечени во свечените униформи, тие на Парадата на вооружените сили која се одржи на 18 јануари приредија вистинско шоу. Таканаречената „домино вежба“, надополнета со мелодијата на песната „The Final Countdown“ за само неколку дена стана вистинска интернет сензација.
[youtube]http://youtu.be/4QM2CuzWfE0[/youtube]