Винс Вон, Хоакин Феникс и Роберт Патисон на заедничка вечера (видео)

Винс Вон, Хоакин Феникс и Роберт Патисон излегле заедно на вечера во ресторанот „Ларчмонт“ во Лос Анџелес.

Тројцата актери пристигнале посебно, но седнале на иста маса. Вработен во овој тренди ресторан, кој сакал да остане анонимен, рекол за сајтот OMG! дека сите тројца седеле во посебен дел од ресторанот со група пријатели и изгледале како лудо да се забавуваат. Не се знае дали дружењето било од задоволство или на повидок е нова соработка.

Интересен факт: Сите тројца глумеле заедно со Рис Витерспун.

- Реклама -