Volvo работи на повеќе нови модели

Во компанијата не кријат дека за блиска иднина подготват електрично купе и мал кросовер на основа на V40.

Во Volvo го величат одличниот старт на продажбата на новиот XC90, но истовремено работат на неколку нови возила, кои треба да им помогнат да си ги вратат водечките позиции на пазарот, соопштува Automotive News. Шефот на одделот за планирање на шведскиот производител, Лекс Керсемакерс, изјави дека во компанијата се подготвуваат да изградат електрична верзија на моделот Concept Coupe Според него сличен електричен модел ќе може да им конкурира на особено популарните машини на Tesla Motors.

Други детали за проектот нема, но Швеѓаните не ги кријат своите амбиции во 2020 година да продаваат по 800.000 возила годишно. Минатата година компанијата ја заврши со резултат од 427.000 единици, а во првата половина на оваа година во Volvo имаа причина за славење, откако најпосле остварија профит.

За остварувањето на новата цел скандинавците работат и на други модели. Со особен приоритет е создавање на мал кросовер од серијата 40, но пред тоа мора да биде подготвена платформа за него. Тој ќе треба да го замени сегашниот V40 кој користи базата на Ford Focus. Освен тоа во Volvo планираат да предложат и специјална, луксузна верзија на новото XC90. Таа ќе биде со 4 места, а не со 7, како што е оригиналниот кросовер. Специјалните седишта ќе бидат со систем за масажа и за помнење на особеностите на телото на патникот. Задните фотелји ќе бидат поставени поназад, за да се зголеми просторот за нозете на патниците.

Главен приоритет на скандинавскиот производител е создавање на нов предводник на брендот, кој ќе ја замени застарената верзија на S80. Новиот седан ќе се нарекува S90, како на неговата основа во подоцнежна фаза ќе биде изградена и караванска варијанта – V90.

- Реклама -