Volvo Car Group официјално објави дека новата моделска гама на компанијата, MY15, ќе биде фокусирана на можноста за поголема персонализација на внатрешната опрема на шведските автомобили. Клиентите на новите XC60, XC70 и S80 ќе можат да уживаат во убавината во кабината, со необичен пакет – Inscription.
Од Volvo соопштуваат дека пакетот Inscription ќе обезбедува врвен луксуз за автомобили од премиум сегментот. Потпретседателот на компанијата, Андерс Густафсон, дополнува дека целта на шведскиот бренд е да ги крене своите модели на уште повисоко ниво и да ги претвори во лидери во однос на луксузот и комфорот. Пакетот Inscription вклучува мека кожа (достапна во неколку бои), за инструментална табла, за седиштата, за премиум декоративни елементи, единствени по својот вид. Клиентите ќе можат да нарачаат и дополнителни опции како декоративни детали од орев, како и посебна ткаенина.
Во однос на екстериерот, фановите на Volvo ќе можат да избираат помеѓу нови три бои – Crystal White Pearl, Electric Silver и Ember Black. Можност за избор има и во однос на тркалата. Тие можат да бидат 19-инчни или 20-инчни со 10 краци. Се разбира за идната година многу се очекува од специјалната серија во чест на регатата Volvo Ocean Race. Инспирирани од морската шир и бескрајноста инженерите на шведската компанија имплементираа поголема динамика во верзијата автомобили, посветени на регатата. Фановите на трките со јахти ќе уживаат во Volvo Ocean Race серијата, која ќе биде застапена за моделите V40, V40 Cross Country, V60, XC60 и XC70.
Друга интересна новина за MY15 е дека сите Volvo автомобили ќе можат да бидат опремени со подобрен он-борд информатички и навигациски систем Sensus Connected, кој му обезбедува на возачот целосна поврзаност со неговиот автомобил. Новата технологија му обезбедува на возачот уникатни можности при барањето на паркинг место и плаќањето за него, откривање на ресторани и специјални дестинации… Впечаток оставаи специјалната платформа HERE Location која овозможува 3D визаулазација на мапата на навигацискиот систем. Посебно внимание заслужува и единствената премиум музичка технологија Harman Kardon со засилувач 5х130 W, 12 звучници и сопствен софтвер од нова генерација Dirac Live.
Новите Volvo модели MY15 се очекува да бидат апсолутни лидери во својата класа и во однос на потрошувачка на гориво и емисиите на јаглерод. Шведската компанија со години развива технологии за помош на животната средина и затоа не е новина, дека некои од моделите, како V40 пример, опремени со мотор D4 со моќност 190 КЅ и рачен менувач ќе имаат C02 потрошувачка од под 85 g/km.