„Волстрит журнал“: САД разработуваат санкции против кинески банки поради помошта за Русија

САД разработуваат санкции со кои можат да отсечат некои кинески банки од светскиот финансиски систем, соопшти денеска весникот „Волстрит журнал“,  повикувајќи се на неименувани извори.

Се истакнува дека САД се со намера да го натераат Пекинг „да прекине со трговијата во полза на руската воена индустрија“.

Се вели дека кинеските банки работат како клучни посредници во комерцијалниот експрот во Русија. Тие ги обработуваат плаќањата и им даваат на компаниите кредити за извршување на трговски операции, истакнува весникот.

Од Стејт департменот претходно укажаа дека САД се подготвени на „чекор понатаму“ против Кина ако таа продолжи да помага на Русија во војната против Украина. 

Прочитајте и:  Путин: Русија истрела балистичка ракета со среден дострел кон Украина
- Реклама -