Израел се согласи да ја одложи инвазијата на Газа за да може САД да забрзаат со напорите за ракетна одбрана во регионот. Израел засега се согласи на барањето на САД да ја постават своја ПВО за да ги заштитат американските трупи во регионот пред очекуваниот копнен напад врз Газа, изјавија американски и израелски официјални лица, објави Волстрит џурнал.
Пентагон работи на распоредување на десетина системи за ПВО во регионот за да ги заштити од проектили и ракети американските трупи кои служат во Ирак, Сирија, Кувајт, Јордан, Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати, наведе медиумот.
Израел, исто така, ги зема предвид напорите за снабдување со хуманитарна помош за цивилите на палестинската територија, како и дипломатските напори за ослободување на повеќе заложници кои ги држи Хамас.
МИА