„Волстрит џурнал“: Американска воена поддршка за Израел во вредност од 320 милиони долари

Весникот „Волстрит џурнал“ објави дека САД планираат да испратат прецизно наведувана муниција во Израел во вредност од 320 милиони долари.

Весникот се повикува на службена преписка од 31 октомври доставена од американската администрација до Конгресот, со која се предвидува испраќање на „спајс“ бомби, прецизна муниција воздух-земја во Израел.

Според кореспонденцијата, како дел од договорот, американскиот производител на оружје „Рафаел УСА“ ќе ѝ пренесе муниција на својата израелска матична компанија „Рафаел Адванс Дефенс Системс“.

Администрацијата на Џо Бајден ја повикува израелската Влада да дозволи хуманитарен прекин, но продажбата и слична итна воена помош за Израел целосно го поткопуваат овој напор, истакна експертот од Институтот за политика на демократијата на Блиски Исток (ПОМЕД), Сет Бајндер.

Прочитајте и:  Руте повика на поголема помош за Украина за време на претстојната студена зима

МИА

- Реклама -