Волшебен цветен тунел во Јапонија

Лоциранa во градот Китакиушу, Јапонија, градината Kawachi Fuji е дом на повеќе од 150 видови најразлични цветни растенија.

Сепак, главна атракција е тунелот од глицинија, кој на посетителите буквално им создава чувство како да чекорат по волшебен колоритен простор кој не е дел од нашата планета.

Оваа приватна градина се наоѓа на околу 6 часа раздалеченост од Токио, а најдобриот период за посета е од април до мај.

- Реклама -