Volkswagen XL1 тргнува со цена до 110 000 евра во Германија

За прв пат се појавија информации за цената на серискиот Volkswagen XL1. Германското списание WirtschaftsWoche тврди дека во својата татковина возилото ќе има почетна цена од неверојатни 110.000 евра.

Компанијата веќе има изработи 50 копии од моделот, по нарачка, а уште 200 ќе бидат пуштени во пролетта 2014 година. Иако, со доста висока цена, XL1 ужива голем интерес меѓу богатите автомобилски ентузијасти и колекционери, соопштува весникот. WirtschaftsWoche прави споредба дека со парите за XL1, клиентот може да купи Porsche Panamera, Volkswagen Beetle и да остане со 2.200 евра во џеб.

232_Volkswagen-XL1-470-2

Освен уникатниот дизајн, специфичната форма, секако најголема вредност е што според фабричките податоци троши 0,9 литри дизел на 100 километри. Иако, медиумски тестови покажаа потрошувачка од 1,47 l/100km и предизвикаа одредени коментари, сепак останува несомнено најштедливиот модел на планетава.

Прочитајте и:  „Фолксваген“ повлече над 114.000 возила во САД

Текстот е објавен во соработка со АвтоПлус

- Реклама -