Volkswagen става крај на ерата на Комби

На крајот на следната година Volkswagen ќе го прекине производството на легендарниот модел Комби, по точно 63 години од неговото појавување на пазарот.

Бразил беше единствената земја во светот каде возилото продолжи да се произведува, под името Т2, но поради новите закони за безбедност, кои стапуваат во сила од 2014 година и овде доаѓа до принуден застој во неговиот пласман.

Според новите стандарди за безбедност сите автомобили во Бразил треба да се нудат со ABS систем, како и со воздушни перничиња за возачот и совозачот. Шефот на одделот за развој во VW Бразил коментира дека за да одговори на неопходните услови, Комби треба да се претвори во сосем нов автомобил. Како резултат на ова донесена е одлука, па VW ќе престане да го произведува Комби на 31 декември 2013 година.

Прочитајте и:  Бразилски политичар удрил друг со стол за време на дебата

Со тоа ќе се стави крај на една богата ера, обележана од ванот со девет седишта, иконата на хипи-периодот, првиот транспортер за повеќе лица кои стапнал на сите меридијани на земјината топка, кој за прв пат се појави во далечната 1950 година.

Во моментов VW произведуваат по 251 примероци од Kombi секој ден во фабриката во Сао Паоло, наменети за јужноафриканскиот пазар. И покрај тоа што новите стандарди се применуваат само во Бразил, производството на Комби по 2013 година нема да биде ефективно, бидејќи главниот пазар на моделот е токму земјата на Кариоките.

Објавено во соработка со Авто Плус.

- Реклама -