За само неколку недели доставени се над 40.000 нарачки за купување на Golf VІІ, се пофалија се од германскиот концерн.
Доставата на нарачките и официјалната продажба на автомобили стартува од пред само неколку дена во Германија, а првите возила на пазарите во Европа треба да се доставот до крајот на ноември.
Според информациите од македонскиот имортер, Порше Македонија, првите возила како што е истакнато за сите пазари во Европа, така важи и за нашиот и веќе наскоро ќе може да се видат во продажните салони и кај нас.
На европските пазари Golf VII ќе се нуди со три нивоа на опременост – Trendline, Comfortline и Highline. Уште во основната верзија машината располага со клима уред, електропакет, централно заклучување, 15-инчни тркала од лесна легура, 5-инчен екран…
Засега палетата агрегати нуди 4 бензински со моќност помеѓу 86 и 140 КС и два дизел мотори – 105 и 150 КС.