Волкот одбива да потпише нов договор со Арсенал

Тео Волкот го „замрзна“ својот статус во Арсенал откако уште еднаш одби да потпише нов договор со тимот од „Емиратите“.

Тиражниот „Дејли Стар“ пишува дека Волкот бил предупреден дека „нема да игра сè додека не стави потпис за соработка под нови услови“. Англискиот репрезентативец денеска на дуелот со Манчестер Сити нема да биде ниту на клупата но ниту во протоколот за дуелот.

Единствена спорна точка е прашањето за неделната плата. Според некои извори „управата на тимот од северен Лондон му нуди 75.000 фунти за седум дена“ што не било доволно за Волкот. Од „Дејли Стар“ нагласуваат дека доколку нема дефинитивен договор на почетокот од следната недела тогаш можно е Волкот комплетно да биде отстранет од првиот тим до крајот на есенскиот дел од сезоната.

- Реклама -