Стапката на преживување на волците во Германија е една од највисоките во светот, според новата студија која се обидува да го објасни нивното брзо ширење во земјата.
Во речиси четвртина век откако волците се вратија во Германија, годишната веројатност за преживување на младите волци е во просек 75 проценти и 88 проценти за возрасните, вели Стефани Крамер-Шат од берлинскиот Институт Лајбниц за истражувања на зоолошките градина и дивите животни.
Бројките, претставени оваа седмица во списанието Wildlife Biology, беа проценети со користење на долгорочни податоци собрани од Сојузниот документациски и консултантски центар за волците.
Истражувачкиот тим ги припишува високите стапки на преживување на волците во Германија на изобилството од добро приспособени живеалишта и строгата правна заштита.
Крамер-Шат вели дека волчјата популација во Германија сè уште се шири, но растот ќе се забави кога ќе се бидат заземени оптималните живеалишта.
Истражувачите го истакнуваат друмскиот сообраќај како главна закана, при што младите неискусни волци често се удирани од автомобили.
Неодамнешните наоди покажуваат дека просечната возраст на волците во Германија е околу три години, а најстарата документирана возраст е речиси 13 години. Просечниот број потомци по легло е четири.
Евроазискиот волк (Canis lupus lupus) беше истребен во Западна Европа до средината на XIX век поради истребувањата на видот и уништувањето на неговите живеалишта. Се сметаше за исчезнат во Германија повеќе од 100 години пред волците повторно да почнат да мигрираат од соседна Полска.
Во набљудуваниот период од 2022 до 2023 година, според владините податоци во Германија, имало 184 глутници волци, 47 волчји двојки и 22 постојани волци самотници.