Војвотката носеше блескава тиара за балот во бело во Бакингемската палата.
Кејт и принцот Вилијам биле сликани на пристигнувањето на Дипломатски прием, доаѓајќи во Бентли управувано од шофер. Војвотката од Кембриџ се појавила облечена во бел фустан, со дијамантски обетки и прв пат по нивната венчавка, се појавила носејќи тиара.
Тоа е најголемиот, еден од најпознатите блескави- годишни приеми кои монархијата ги одржува во Бакингемската палата. За оваа прилика Војвотката Кејт била решена да блесне. Тиарата се верува дека ѝ е зајмена од страна на Кралицата, а се верува дека припаѓала на принцезата Маргарет.
Војвотката носела свечен вечерен фустан од дизајнерот Александар МекКвин, со пуштена брановита коса, деликатни дијаманти и убавата тиара, па 31-годишната војвотката изгледала кралски повеќе од било кога.