Додека ТВ и филмските ѕвезди се редеа да се запознаат со членовите на кралското семејство во Бакингемската палата, војвотката од Кембриџ стоеше за пречекот во кралско црвен фустан на Александар Меквин.
Кејт (32) го има носено истиот дизајн на фустан и на други настани, но овој пат својот изглед го дополнила со долги, златни обетки.
Дејм Хелен Милер беше меѓу 250 ѕвезди кои се запознаваа со членовите на кралското семејство во Бакингемската палата, по ноќта на доделувањето на Британксите филмски награди.
Принцот Вилијам ја опиша како „исклучително талентирана британска актерка која веројатно треба да ѝ се обраќа со „баба“ по нејзината улога како Кралицата. На Хелен Милер ѝ беше врачена почесна награда на доделувањето на BAFTA.
Меѓу актерите кои беа гости во палатата беа Ума Турман, Џоели Ричардсон, Џоан Колинс, Сер Роџер Мур, Алан Рикман и Ралф Финес. Погледнете како изгледаше кралската вечер.