ОН: Војната во Украина предизвика „совршена бура“ од глобални кризи што ќе предизвика предизвика хаос, особено во посиромашните економии

Њујорк, 13 април 2022 (МИА) – Војната во Украина предизвика „совршена бура“ од кризи во производството на храна, енергијата и финансиите што сега се заканува да предизвика хаос, особено во економиите на посиромашните земји, изјави денеска генералниот секретар на Светската организација Антонио Гутереш.

Тој говореше на претставувањето на првиот извештај на новооснованата глобална група за одговор на кризи за храна, енергија и финансии, формирана во раните денови на војната во Украина за да се справи токму со овие вонредни ситуации кои се навестуваат, пренесува ДПА.

„Влијанието од војната е глобално и системско“, предупреди Гутереш.

„Дури 1.7 милијарди луѓе – од кои една третина веќе живеат во сиромаштија – сега се многу изложени на нарушувања на системите за храна, енергија и финансии кои предизвикуваат зголемување на сиромаштијата и гладот“. Гутереш го наведе и фактот дека 36 земји увезуваат повеќе од половина од својата пченица од Русија и Украина.

Прочитајте и:  Полска компанија илегално испорачала стотици илјади парчиња швајцарска муниција во Украина

Зголемувањето на цените на храната и енергенсите, како надополнување на долговите на многу сиромашни земји, може да доведе до социјална и политичка нестабилност, порача Гутереш.

„Нашиот свет не може да си го дозволи ова. Треба да дејствуваме сега“, рече тој.

Тој повика на итен прекин на војната во Украина, укинување на извозните ограничувања, инвестиции во обновливи извори на енергија и финансиска поддршка за земјите во развој.

- Реклама -