Ривалството меѓу двата најголеми светски произведувачи на газирани пијалаци, ’Кока-кола’ и ’Пепси’, трае повеќе од еден век. Всушност, тоа е една од најлегендарните приказни за борба меѓу два брендови.
Сагата почнува во далечната 1886 година кога Џон С. Пембертон го развил оригиналниот рецепт за ’Кока-кола’. ’Пепси-кола’ се појави 13 години подоцна од страна на фармацевтот Калеб Брадам.
Во тоа време ’Кока-кола’ продавала веќе околу милион литри напиток годишно. ’Кока-кола’ наскоро го разви култното шише и се прошири на европскиот пазар. Во меѓувреме, ’Пепси’ банкротира поради Првата светска војна, а осум години подоцна повторно се соочува со банкрот, меѓутоа набрзо застанува на нозе и ја зголемува продажбата. За време на Втората светска војна ’Пепси’ ги зголемува вложувањата во маркетинг и почнува продажба на своите напитоци во лименка. Во текот на педесеттите години од минатиот век, ’Кока-кола’ се фокусира на телевизиското огласување, а ’Пепси’ го следи во тоа, не сакајќи да ја изгуби борбата.
[youtube]http://youtu.be/r30IPbdWqSw[/youtube]
Во 1962 година ’Кока-кола’ излегува на берзата, а наскоро лансира и нов бренд, ’Спрајт’, кој набрзо станува еден од најуспешните светски брендови. И ’Пепси’ го возвраќа ударот. Спојувањето со произведувачот на грицки, компанијата ’Фрито Лај’, на ’Пепси’ му донесе бројни предности и значително му помогна особено во последните децении. Од друга страна, ’Кока-кола’ остана во подрачјето на производството на напитоци, а бизниспт на ’Пепси’ со грицките цвета.
[youtube]http://youtu.be/LVyzUe_U0Jg[/youtube]
’Кока-кола’ зазема поголем удел на пазарот на пијалаци, но ’Пепси’ поради поширокиот опсег на работа заработува повеќе приходи. Секој од брендовите на своја страна има цели бригади познати личности, кои за својата маркетиншка работа, се добро платени.