Македонскиот репрезентативец Војдан Стојановски со својот тим Доњецк стигна до третиот триумф (74:77) од финалната серија против Азовмаш и е на само еден чекор до шампионската круна во Украина.
Оваа победа е исклучително значајна со оглед дека е остварена на гостински терен, а Доњецк до неа стигна со одлична игра во последната четвртина која ја доби во своја корист со 9:18. Војдан Стојановски повторно беше меѓу лидерите во тимот на Доњецк и постигна 14 поени за 28 минути на паркетот.
Следниот натпревар се игра за два дена, а доколку триумфираат и на тој дуел, Војдан Стојановски и Доњецк ќе ја прослават шампионската титула во Украина.
Објавено во соработка со Екипа.