Според последните информации за акцијата во која беше убиен Осама бин Ладен, американскиот SEAL тим кој го ликвидираше најбараниот терорист не содржеше само специјалци туку и еден влакнест командос – германски овчар. Со најновите ранкови во американската војска, овие кучиња се сметаат за рамноправни членови на SEAL специјалните тимови.
Воените кучиња се опремени со инфрацрвени камери за ноќно гледање и се користат за топ тајни мисии. Носат непробоен панцир за заштита од ножеви и проектили и ќе го нападнат секој што носи оружје. Камерите поставени на нивното тело испраќаат видео во живо до командниот центар, што овозможува пренос на важни информации за теренот и предупредувања од можни заседи.
Суперкуче
Вакви кучиња исто така беа користени и за фаќањето на Ирачкиот диктатор Садам Хусеин и неговите двајца синови.
Уште една интересна работа за овие воени кучиња е што се тренирани да носат маски за кислород, за да можат да извршуваат авионски скокови на 7620 метри надморска височина!
[Hounded to Death]
[Hero dog helped snare Osama]
[Navy SEAL Dogs Don’t Have TITANIUM FANGS]
[These Parachuting Dogs Will Win the War in Afghanistan]