После повеќемесечната борба со градските власти, една такси служба од Санкт Петерсбург успеала да го регистрира оклопното амфибиско возило BRDM-2 за јавна употреба.
Всушност, тие морале најпрво да задоволат одредени критериуми, па 14 мм челичниот оклоп, наместо во стандардната маскирна боја бил пребоен во портокалова боја карактеристична за такси компанијата.
Ентериерот исто така морал да претрпи одредени промени, па се збогатил со удобни кожни седишта и електрични прозорци.
Поради големата тежина, на новото такси возило му е забрането да се движи по одредени улици со историски знаменитости, но затоа може да плови по Нева, а туристите ќе имаат можност да се забавуваат со нефункционалната машина.
Сепак, со оглед на тоа што возењето чини околу 5000 рубљи, што е околу 4000 денари, се очекува BRDM-2 да биде повеќе употребуван од страна на туристите, отколку од локалните жители.