Водоотпорниот Galaxy S4 Active со мини верзија

Samsung Mobile најверојатно ќе лансира уште една мини верзија на екстремно популарниот Samsung Galaxy S4, која ќе водоотпорна, а ќе исполнува и многу други стандарди на издржливост и отпорност на гребаници и прашина.

Galaxy S4 Active mini

Samsung Galaxy S4 Active веќе се појави на интернет при вообичаеното тестирање во Федералната комисија за комуникации на Соединтетие Американски држави за добиање на потребните дозволи, па и оттаму се дознава дизајнот и можните спецификации на овој мини водоотпорен смартофон. Samsung Galaxy S4 Active mini ќе има помал екран од 5 инчи, некаде околу 4.6 и секако со понизок степен на резолуција од 480 х 800 пиксели.

samsung_galaxy-s4-active

Samsung Mobile мини верзиите ги прави како дел од понудата од ниската класа, а го искористува само името на нивниот „поголем брат“, па така и овој смартфон ќе има послаб хардвер со дво-јадрен Snapdragon 400 процесор, 1 GB RAM, како и 5 мегапикселна камера.

Samsung-Galaxy-S4-Active-mini

Доколку ги помине сите тестови Samsung Galaxy S4 Active mini ќе го видиме најрано на пазарот во текот на наредниот месец и очекуваме да се продава по цена од најмногу 300 долари.

Текстот е објавен во соработка со telefoni.com.mk

- Реклама -