Водителката на „ТЛЗП“, ќе биде домаќинка и на „Х Фактор“

Атрактивната водителка Марија Килибарда, која навикнавме да ја гледаме секој викенд како водител на шоуто „Твото лице звучи познато“, најверојатно ќе ја замени Ана во втората сезона на „Х Фактор“ , пишуваат српските медиуми.

„Преговорите се во тек и се додека е така ние би се воздржале од коментари“, изјавиле од продукцијата и додале „ се наближува март, кога ќе започне емитувањето на „Х Фактор“, а јавноста навремено ќе биде известена за сите детали “.

Останува да видиме дали убавата водителка ќе биде лицето кое ќе ја прогласи идната балканска ѕвезда.

 

- Реклама -