Вода во соларниот систем: Kаде ја има повеќе, на Земјата или на Европа?

НАСА отворено зборува за желбата да испрати „подморница“ за да ги истражи океаните на Јупитеровата месечина Европа. Еве и зошто.

Ако се прашувате за големината на тие океани, следниот график ќе ви одговори неколку прашања.

На сликата можете да забележите колку шокирачка разлика има помеѓу Земјата и Европа, во однос на количеството вода. Европа има повеќе течна вода од Земјата, а е голема речиси колку нашата Месечина.

Но, не е само тоа. Титан има повеќе вода од Европа и Земјата заедно.

624605104963367460[1]

На следната слика/график можете да ги споредите еиренесферите на Земјата, Марс, Титан, Европа и Енцеладус. Еиренесфера е регионот на едно планетарно тело во кој постои погодна физичка состојба способна да крепи микробиолошки живот, во однос на температурата и притисокот. Не ги вклучува сите фактори, како што е достапноста на вода, но го претставува максималниот волумен достапен за потенцијално населување со живот.

Прочитајте и:  Нови снимки од Јупитер, веројатно најдобрите досега

624605105080222500[1]

- Реклама -