Вода која ќе ви помогне да ослабете

Освежителната Sassy вода е во суштина обична вода збогатена со билки која делотворно ги отстранува масните наслаги во телото. Нутриционистката Синтија Сас, која го смисли овој напиток, вели дека покрај тоа што ги топи килограмите, позитивно влијае врз варењето и ја намалува надуеноста.

sassy-water

Потребно:

8 чаши вода
1 кафена лажичка рендан корен од ѓумбир
1 свежа краставица од средна големина, излупенa и исеченa на парчиња
1 лимон од средна големина, исто така исечкан на парчиња
12 листови нане

Подготовка:

Сите наведени состојки помешајте ги со вода и оставете ги преку ноќта да пуштат арома. Напитокот конзумирајте го дури следниот ден.

Нутриционистката Синтија тврди дека со редовна употреба на овој освежителен напиток и со умерена физичка активност, со текот на времето ќе добиете рамен стомак.

- Реклама -