„Ќе направиме проверка дали некој возач со четири трепкачи навистина брзал да спаси живот – свој или на некој блиски. Доколку лицето било на пат кон болница, не постои шанса да добие казна. Тоа може да се потврди, а казната ќе биде повлечена“, истакна Топаловски во своето гостување во „Претрес“.
Тој потсети дека системот за „Безбеден град“ е поставен така што ниедна снимка не може да биде избришана. „Системот е конструиран така што никој нема можност да избрише видео-запис. Снимките остануваат трајно – немам прецизно знаење дали тоа е месец или година, но не може да се случи прекршок да остане необработен. Системот ќе ги разгледа сите прекршоци и ќе испрати известување на електронска пошта или порака“, дополни Топаловски.



