Богдан Илиевски, познат под името Бетмен Велит, беше гостин во емисијата ,,Претрес кај Ландов”. Тој сподели како од обичен корисник на Твитер стана член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, велејќи: „Не се подготвував за партиска улога, туку за архитект. Сè се случи случајно и ми беше чест. Член сум на партијата со години. Никогаш не сум се борел за функција. Не знам дали Груевски ме награди поради тоа што 75 дена бев на протестите. Изгледа дека во мене препозна нешто. ВМРО-ДПМНЕ за мене беше продолжение на идејата. Сметам дека беше заслужено, но тоа траеше кратко, а потоа дојдоа некои други”.
Илиевски откри и дека Груевски го посетил додека бил во домашен притвор во Охрид. „Се видовме уште еднаш, но тој избра друг пат. Му напишав дека пресудата е неправедна. Не успеа да го посетам во Будимпешта. За време на моето членство во Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, мораше да внимавам на секоја запирка што ја напишам. Денес, живеам најслободно”, изјави Илиевски.
Во рамките на „Претрес со Ландов”, Бетмен Велит зборуваше за настаните на 27 април, амнестијата, ВМРО-ДПМНЕ, пропагандата и Груевски.




