Гостин во „Претрес со Ландов“ е Богдан Илиевски, познат како Бетмен Велит. Тој не чувствува вина за настаните од 27 април. „Прашањето на сите е: кој го организираше 27 април? Да се надеваме дека новиот обвинител ќе успее да го разреши ова. Имало две-три сценарија и еден што наложил дејствието. Ако бев свесен дека се подготвува упад во Собрание и напад на пратеници, сигурно немаше да бидам дел од тоа“, изјави Илиевски.
„Не го знам бројот на Груевски, иако новинарката Катерина Блажевски напиша дека Груевски се јавил на три лица, вклучувајќи ме и мене. Тоа е обвинување без основа“, додаде Илиевски и најави дека многу наскоро, вистината и сценаријата за 27 април ќе бидат откриени во неговата емисија.




