Во вторник, на 29 април, месечината ќе се најде на најдалечната точка од Земјата, па во тој момент ќе дојде до спектакуларно затемнување на сонцето.
Сепак, затемнувањето нема да биде целосно, туку кружно, сликовито претставено во форма на прстен и нема да биде покриено во целост.
Се очекува истото да изгледа како огнен прстен, но за жал оваа глетка во живо ќе имаат можност да ја видат само жителите на мал дел од Австралија и Тасманија.
Додека затемнувањето на Месечината се случува само кога истата е полна, затемнувањето на Сонцето е можно само кога Месечината е млада.