Во внатрешноста на овие дрва се криеја купишта цигари (Видео)

Граничната полиција на царината во Романија доживеала огромно изненадување кога решила да ги провери дрвените трупови кои ги заплениле во еден камион.

Имено, откако ги пресекле труповите со моторна пила, го откриле веројатно најкреативниот начин за шверц на цигари. Беспрекорно спакувани, тие ја исполнувале внатрешноста на големите парчиња дрво.

Со видеото подолу бил овековечен овој момент, кој цариниците кои го откриле со сигурност ќе го помнат како еден од најнеобичните денови во кариерата.

Прочитајте и:  Кривична пријава против тројца полицајци, пуштиле осуденик на слобода наспроти наредбата на судот
- Реклама -