Во Украина пристигнаа словачките авиони МиГ-29

Словачка ги испорача своите 13-те авиони ловци МиГ-29 во Украина, потврди словачкото Министерство за одбрана, а Братислава доби попуст за купување американски хеликоптери како награда за овој потег.

„Трансферот е извршен со највисоки безбедносни мерки. За разлика од нашиот сосед, ние немавме корист од овие авиони“, изјави словенечкиот привремен министер за одбрана Јарослав Над.

Донацијата на 13 борбени авиони МиГ-29 и дел од системот за воздушна одбрана САМ-6 Куб беше предмет на меѓувладин договор меѓу Словачка и Украина, што беше усвоен од Владата во Братислава во март.

САД и понудија на Словачка 12 нови хеликоптери „Бел АХ-1З вајпер“ (Bell AH-1Z Viper) со дополнителна опрема, обука на пилоти и техничари, како и повеќе од 500 ракети „ЕјЏиЕм-114 хелфајр“ (AGM-114 Hellfire) во замена за донирани ловци МиГ-29.

Прочитајте и:  Џо Роган: Бајден и Зеленски сакаат светска војна, Кличко му одговори - тоа е руска пропаганда

МИА

- Реклама -