Според податоците на Заводот за статистика МОНСТАТ, просечната нето-плата во февруари годинава во Црна Гора бележи зголемување од 1,8 отсто во однос на претходниот месец и 9,2 отсто во однос на истиот месец лани.
Според истите податоци, просечната месечна бруто-плата во февруари годинава изнесува 958 евра, додека просечната плата во нето износ е 771 евро, објави МОНСТАТ.
„Ако се земе предвид дека потрошувачките цени во февруари во однос на јануари бележат раст од 0,5 отсто, произлегува дека реалната заработка за истиот период бележи раст од 1,3 отсто“, се наведува во соопштението.
МИА