Во составот на цигарите може да има и свинска крв

quit_smoking_cigarettesЕве уште една причина зa да ги откажете цигарите – еден австралиски академик тврди дека цигарите можат да содржат траги од свинска крв.


Еве уште една причина зa да ги откажете цигарите – еден австралиски академик тврди дека цигарите можат да содржат траги од свинска крв.

667191-cigarettes

Професорот Сајмон Чепмен од Универзитетот на Сиднеј упатува на неодамнешните холандски истражувања кои идентификуваа 185 различни употреби на свинското – вклучитeлно и употребата на свинскиот хемоглобин во филтерот од цигарите. Професорот Чепмен вели дека истражувањето ни дава увид во инаку тајниот свет на производството на цигари, а употребата на свинска крв во тој процес би можело да биде навредливо за некои групи како муслиманите и евреите, односно вегетаријанците.

Холандското истражување откри дека свинскиот хемоглобин, протеин кој се наоѓа во крвта, бил користен за да се направат филтрите на цигарите поефекасни во спречувањето на опасните хемикалии да навлезат во белите дробови на пушачите. Според професорот Чепмен, ова фрла ново светло врз фактот што произведувачите на цигари не се обврзани да го откриваат составот на цигарите, под изговор дека тоа е деловна тајна. Поради ова се држат во тајност ред други хемикалии и супстанции кои се користат при производството на цигарите, вели тој. [Cigarettes may contain pigs blood]

- Реклама -