Во сообраќајка загина координатор во Владата

Зоран Стефановски, поранешен претседател на Советот за радиодифузија и координатор во Владата загина во сообраќајна несреќа во Скопје.

Случајот е потврден и од страна на МВР:

На 06.11.2017 година околу 01,00 часот во Скопје на крстосницата од бул.„Александар Македонски“ и сервисната улица која ги поврзува со кружен тек бул.„Никола Карев“ и ул.„Беласица“, се случила сообраќајна незгода во која З.С.(54) од Прилеп, управувајќи возило „Рено Меган“ со прилепски регистарски ознаки, излетал од патот и удрил во сообраќаен знак и рекламен билборд. Возачот со возило на итна медицинска помош е префрлен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, каде е констатирана смрт.

- Реклама -