Во Солун и Крит се протестираше против Договорот од Преспа

Мирни протести во градовите Ханија и Ираклион на Крит, како и во Солун, против Договорот од Преспа, се одржаа вчера попладне.

Демонстрантите побараа од Ципрас да поднесе оставка и носеа транспаренти со пропагандни пораки од типот на „Македонија е грчка“.

Во Солун се протестирало кај споменикот на Александар Велики, а потоа продолжиле и пред канцелариите на СИРИЗА и Независни Грци.

Слично било и во двата града на островот Крит. За денеска е закажан уште еден протест во Солун.

Е.Д.

Прочитајте и:  Тензично пред Народниот театар во Софија: Претставата на Малкович го исмејува бугарскиот народ
- Реклама -