Во Словенија нема новозаразени од коронавирусот

За прв пат од почетокот на епидемијата во Словенија нема нозозаразени со коронавирусот, јави дописникот на МИА од Љубљана.

Вчера во лабораториите низ земјата се направени вкупно 500 тестирања, а ниту еден не бил позитивен.

Според податоците на Националниот институт за јавно здравје во овој момент во болниците поради Ковид-19 се лекуваат 59 пациенти, а само 21 во одделите за интензивна нега. Вчера двајца пациенти се отпуштени од медицинските центри, а две лица починаа како последица на инфекцијата.

Од утре во државата повторно почнуваат со работат голем број продавници, а ќе се отворат и рестораните и кафулињата, кои ќе функционираат под посебни заштитни мерки.

- Реклама -