Иако загадениот воздух во Скопје е главна тема во зимскиот период, скопјани и летно време немаат чист воздух.
Трендот на ограничување или забрана на возилата што најмногу загадуваат зема замав во речиси сите големи европски градови. Париз, на пример, планира да го забрани целосно дизелот до 2024 година, а слични планови се спроведуваат во Рим, Атина и други метрополи.
Досега се направени неколку студии за тоа кој е најголемиот загадувач на воздухот во главниот град, според кои возилата се трет најголем загадувач, но кога сите би возеле вакво Ауди сигурно сообраќајот би бил број еден.
Луѓето постојано се предупредуваат за опасностите од загадувањето со дизел гориво, но на колкава загаденост сме изложени, всушност?