Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, најави дека во следните 20-тина дена во градот ќе се спроведува акција за чистење на улиците, со цел да се намали загадувањето.
Вчера, во општина Карпош, градоначалникот Стефан Богоев, соопшти дека се спровела акција за чистење од отпад на областа околу тенискиот клуб АБЦ.
Градоначалникот на Скопје најавува дека од денес, сето тоа ќе се спроведува плански, а на ангажираните лица ќе им бидат обезбедени автобуски превоз, храна и хонорар.
Големата акција започнува од општина Бутел, а за секоја општина се предвидени по еден или два дена, во зависност од големината.
Акцијата за чистење на Скопје ќе се реализира секоја есен и пролет и предвидено е да стане традиционална.