ст
Повеќе од 17.000 од Шпанците имаат 100 или повеќе години, што ги прави втората најдолговечна нација на светот, по Јапонците.
Според најновите податоци на Организацијата за економска соработка и развој (OECD) и најновите резултати од пописот, просечниот животен век по раѓање во Шпанија е 83.2 години. Во Јапонија, просечниот животен век е 83.4 години.
Нормално, живо нé интересира зошто е вака баш во Шпанија т.е. што е тајната на нивната долговечност, ама додека научниците да најдат одговор, повеќе нé интересира дали ќе сака некој Шпанец да нé прими да живееме кај него. Карти веќе си купивме.