Некои поради ваквата објава ја нарекуваат проститутка.
Ју Пенг од Шангај верува дека тоа е повеќе како- автостоп.
Деветнасетгодишната девојка Ју Пенг од Кина, позната како „Ју Пенг од Шангај“, е на необично патување низ Кина. Во секој град, всушност, одлучила да спие со различен маж. Своите планови и услови ги објавува на кинеската социјална мрежа Weibo, пишува Daily Mirror.
Таа напишала дека планира да патува низ Кина, а сместувањето и превозот ќе плати- во натура (по услуга). Во секој град кој ќе го посети планира да спие со друг маж. Но, за момците има посебни барања: мора да добро да изгледаат, да бидат под 30 години, повисоки од 1,75 метри и, се разбира, богати.
Некои поради ваквите објави ја нарекуваат проститутка. Таа верува дека тоа е повеќе како автостоп.
Таа вели: „Момците мора да ми обезбедат превоз до нивниот град и да ги покријат сите мои трошоци и се разбира, додека сум таму, мораат да бидат дарежливи кон мене. За возврат, ќе ме добијат се од мене, моето внимание и можноста да ги видат во друштво на навистина убава девојка“.