Во Русија првпат започна масовно производство на мобилни засолништа од модуларен тип „КУБ-М“, кои можат да се користат за заштита на луѓето од различни закани, вклучително и светлосно зрачење од нуклеарна експлозија и радиоактивна контаминација на областа.
„Во Руската Федерација започна сериското производство на иновативната модуларна заштитна структура ‘КУБ-М’. Процесот на производство започна во градот Џержинск, кој се наоѓа во регионот Нижни Новгород“, се вели во пораката на веб-страницата на рускиот истражувачки институт за цивилна одбрана и вонредни состојби.
Се наведува дека овој настан е резултат на долгогодишно истражување и напори на научници и експерти во областа на заштитата на населението и териториите од вонредни ситуации.
„Почетокот на сериското производство на модуларното засолниште претставува важен чекор кон зголемување на безбедноста на граѓаните Во иднина, ваквите случувања ќе доведат до создавање на нови ефективни системи за заштита на населението“, резимира Серускиот истражувачки нститут за цивилна одбрана и итни случаи (ВНИИ ГОЧС).
Претходно, научниците од институтот развија модуларен мобилен засолниште „КУБ-M“ за заштити на луѓето не само од светлинското зрачење по нуклеарна експлозија, туку и од радиоактивна контаминација на областа.
Основниот пакет на „КУБ-М“ вклучува два модула: простории за заштита на 54 лица и технички блок. Капацитетот на засолништето може да се зголеми со инсталирање дополнителни модули. Клучната предност на „КУБ-M“ во однос на другите структури за цивилна одбрана е мобилноста. По потреба може да се транспортира по коловози или железница до нова локација на поставување и да се приклучи на постојните комунални мрежи.
Се истакнува дека производството, транспортот и монтажата на „КУБ-М“ е повеќе од двапати поевтино од изградбата на постојано засолниште, а периодот за негово производство и поставување не надминува три месеца. Овие и други карактеристики на производот можат значително да ги намалат финансиските трошоци за изградба и функциониање на стационарни заштитни конструкции за цивилна одбрана.
Оваа објава дојде само неколку часа откако рускиот претседател Владимир Путин ја потпиша ажирураната нуклеарна доктрина со намален праг, во прв ред како одговор на одлуката на САД да ѝ дозволат на Украина со ракетите со долг дострел кои му ги испорачуваат на Киев да гаѓаат цели длабоко во внатрешноста на Русија. Тоа се дожувува како остра ексалација на војната во Украина, но и на американско-руските односи. Откако во неделата американските медиуми ја објавија таквата одлука на Вашингтон, во некои земји сојузнички на САД во Европа започнаа инспекции на подземните засолништа, како и емитуввање препораки за заштита на населението од природни катастрофи, но и од масивни ракетни и нуклеарни удари. Покрај тоа, започнат се и инспекции на подземните засолништа.