Во првата година од новата Влада покажавме каква Македонија посакуваме, со бројни проекти во интерес на граѓаните.

Членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Кирил Пецаков, денеска одржа средба со граѓаните од Ресен.

Пецаков подвлече дека Македонија влегува во ново поглавје, истакнувајќи дека изминатата година е значајна за изградбата на основите на инфраструктурата. Тоа вклучува реализација на бројни проекти кои беа започнати во минатото, како и иницијација на нови, клучни проекти за населението.

„Во спортскиот сектор започнавме со реализирање на блокирани проекти, како што се петте базени и повеќе мултифункционални игралишта и спортски сали низ цела Македонија. Што се однесува до пензионерите, ветените 5.000 денари веќе пристигнаа на нивните сметки, што е едно од најзначајните ветувања на нашата нова влада. Освен тоа, за земјоделството инвестирани се над 9 милијарди денари за исплата на заостанати субвенции од 2020-2021 година. Ние продолжуваме со зголемување на субвенциите за раноградинарските култури, тутунот и сè што е важно за подобрување на условите во земјоделието,“ рече Пецаков.

Според него, оваа прва година од мандатот на ВМРО-ДПМНЕ е показател за онаа Македонија која ја заслужуваме, како и за онаа кон која ќе продолжиме да работиме во иднина.