Девојките често знаат да си помислат дека на мажите им е навистина лесно. За каква и да е свечена пригода, доволно е тие да се одлучат за пантолони и кошула во правилна боја, и ја завршиле маката. А жените? Почнувајќи од разните варијации на облекување (различни за секој повод), задолжителни се и добро прилагодената шминка, но и фризурата.
Со оглед на тоа што во тек се апсолвентските вечери, а веднаш после нив се ближат и матурските, ќе се обидеме да им ја олесниме маката на младите девојки кои се уште немаат решено каква фризура сакаат да имаат за оваа посебна ноќ. Подолу издвоивме за вас 15 безвременски фризури кои ќе допринесат до нежен, романтичен и софистициран изглед на секоја дама.