„Во постојано движење“ е завршната групна изложба од програмата „АРТС ХАБ“ која ќе може да се погледне во КСП Центар-Јадро во работни денови сѐ до 4 јули.
Петте колаборативни и партиципативни проекти кои беа поддржани во програмата „АРТС ХАБ“ се:
– „Преосмислување на урбаните простори: проект за јавни тоалети во Скопје“ на Озбек Ајваз
– „Вештини за оживување“ на Клелија Живковиќ
– „Одржливи заедници“ на Никола Узуновски
– „Драгославија“ на Тодор Трпевски, Дарио Дончевски и Зорица Зафировска
– „Кадри на ранливост“ на Наташа Неделкова, Миле Неделков и Амир Карахасан
Програмата „АРТС ХАБ“ се реализира со финансиска поддршка на Фондацијата Отворено општество – Македонија.