Гратчето Спело, познато и како Хиспелум, се наоѓа во Умбрија, Италија. Античкиот град во областа Перуџа фасцинира со неговата извонредна архитектура, компресирана во мал простор. Густата мрежа од мали и тесни улички е детерминирана, пред се, од средновековните градби на Спело.
Каде и да одите, ќе завршите на некое убаво место. Туристичките водачи дури и препорачуваат да се изгубите низ уличките на Спело – на тој начин можете вистински да го доживеете духот на гратчето. Локалните жители важат за многу гостољубиви и секогаш спремни за разговор, но и да ви помогнат со навигацијата низ ова прекрасно место.
Погледнете и сами како изгледа уникатното село, богато со архитектонско наследство од Романската, Средновековната и Ренесансната ера.