Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Следниот понеделник (29.04.2024) со почеток од 10:00 часот во Мериот хотел во Скопје ќе се оддржи второто издание на конференцијата наменета за фриленсери -“Freelance Conference 2024”, со носечкиот слоган годинава “Фриленс, е за слобода“, во организација на Импакт Фондација.

Влезниците по симболична цена од 300 денари ќе може да се купат на следниов ЛИНК.

Мисијата на “Freelance Conference” е на едно место да ги собере домашните фриленсери и најважните институционални чинители за да се отворат и дискутираат клучните теми за понатамошен развој на македонскиот фриленс еко-систем и да ги информира фриленсерите за сите информации кои им се потребни за да станат легални и уште поконкурентни во својата област.

На настанот се предвидени три панел дискусии на теми: “Финансиска сигурност за фриленсери”; “Mastering the Freelance Toolkit- Essential Skills for Success” и “Дестинација за дигитални номади – истражување на можности за работа од далечина и создавање засолниште за глобалните таленти во Северна Македонија”, како и неколку презентации на експерти од различни теми. Целосната агенда на настанот може да се погледне тука.

На настанот предвидено е да присуствуваат и претставници на Управа за јавни приходи, министерство за финансии, министерство за труд и социјална политика, агенција за вработување, правниот факултет, Меѓународната организација на трудот и ред невладини организации што секако ќе придонесе за тоа да се одговорат најважните прашања кои ги засегаат домашните фриленсери и да се надминат сите дилеми во понатамошниот развој на фриленс еко-системот.

Извор