Во Полска пронајден нацистички воз, полн со злато и скапоцени камења

Двајца луѓе во Полска тврдат дека пронашле нацистички воз со товар од злато, скапоцени камења и други вредни предмети. Возот според легендата исчезнал на крајот од Втората Светска војна додека Германците бегале од советските сили.

Марика Токарска, официјална претставничка од градот Валбжиха, град во југозападна Полска, во кој наводно е откриен возот, изјавила дека властите добиле допис од адвокатска фирма која ги застапува двајцата пронаоѓачи на возот – еден полски, а еден германски државјанин. Тие бараат 10% од вкупната вредност на скриеното богатство во замена за откривање на локацијата на возот.

Токарска за агенцијата АП изјави дека властите сериозно го сфатиле дописот и договориле состанок на пожарникари, полицајци и други претставници на власта за да се утврди како возот да се извлече на дневна светлост. Постојат сомневања дека возот може да биде поврзан со експлозив.

Прочитајте и:  Во Полска уапсени 75 луѓе поради дистрибуирање на детска порнографија
- Реклама -